Судија кој им судел на репрезентацијата на Македонија и на Шкупи уапсен поради кражба на сообраќајни знаци!

6622

Ете и тоа го има. Бартош Франковски, еден од најдобрите судии во Полска е уапсен поради тоа што крадел сообраќајни знаци. Инаку тој е судија кој му судеше на Шкупи пред две години во Даблин на мечот со Шамрок Роверс во меч од 3.квалификациско коло во Лигата на Европа. Исто така во три наврати и судел и на нашата репрезентација.

Тој Франковски требаше да го суди вечерашниот меч од квалификациите во ЛШ меѓу Динамо Киев и Ренџерс, но нема да го суди зошто утринава Франковски и неговиот колега Томаш Мусиал биле уапсени полицијата како “мртви пијани“ краделе сообраќајни знаци.

Ете, и тоа го има…

ПретходноОдржан редовен работен состанок со делегати од ПМФЛ и ВМФЛ!
СледноКостески: Убаво е чувството да се вратиш во Македонија – особено во еден проект како Алкалоид