Германскиот репрезентативец Никлас Филкруг од Борусија Дортмунд направи трансфер во Вест Хем. Тој потпиша четиригодишен договор со „чеканите“ и со тоа го комплетира изненадувачкиот трансфер. Имено Филкруг беше на радарот на Вест Хем и минатата сезона но тогаш робусниот напаѓач одлучи да се пресели во Дортмунд каде што постигна 16 голови во 46 меча во сите натпреварувања.
„Мислам дека Премиер лигата е најдобрата лига на светот, а за мене е вистинско време да се преселам во Англија и да играм за голем клуб каков што е Вест Хем“, рече Филкруг.
„Подолго време размислував за овој трансфер. Техничкиот директор Тим Штајден го познавам уште од Вердер, а гледав неколку натпревари и видов дека во овој тим има квалитет“, објасни Филкруг кој од финалистот на ЛШ дојде во тимот кој минатата сезона беше 14-ти во Премиер лигата.
Финансиските детали не се објавени, меѓутоа неофицијално Вест Хем ќе плати 35 милиони евра за германскиот напаѓач.