Климатските активисти го нападнаа просторот на замокот на Лионел Меси на Ибица и го намачкаа со боја. Станува збор за претставници на групата „Futuro Vegetal“, која буквално се преведува како Растителна иднина. Нема информации дека во тој момент таму бил аргентинскиот фудбалер или некој член од неговото семејство.
Членовите на „Футуро вегетал“ се луѓе кои тврдат дека богатите се виновни за климатските промени. Тие го цитираат истражувањето кое покажува дека 1% од населението на Земјата – главно најплатените луѓе – се одговорни за исто толку загадување како 2/3 од остатокот од човештвото. Тоа е поради нивниот луксузен начин на живот, што доведува до огромни емисии на јаглероден отпад.
Движењето „Futuro Vegetal“ употреби црвена и црна боја со спреј за да ја испрска вилата на Меси. „Вашиот луксуз ни води кон климатска криза“, пишува на еден од ѕидовите.
Активистите тврдат и дека предметниот дворец, кој Лео го купил за 11 милиони евра, бил незаконски изграден.
„Помогнете ѝ на планетата, јадете го богаташот, укинете ја полицијата“, стои на натписот на носилки што ги оптегнале членовите на движењето кои се појавиле во вилата.
💥 ACTUAMOS 💥
Tintamos la mansión ilegal de Messi en Ibiza 🧯
La Mansión se trata de una construcción ilegal que el futbolista adquirió por la exorbitante cifra de 11 millones de euros 🤑https://t.co/mslVlqLvfd pic.twitter.com/aK8GUqsr9i
— FuturoVegetal🍒 (@FuturoVegetal) August 6, 2024