Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години одигра одлично на Европското првенство Б Дивизија кое се одржа во Скопје. Овие момчиња го освоија златниот медал и ја дадоа потребната искра надеж дека кошаркарска Македонија има иднина.
На трибините во СЦ „Борис Трајковски“ беше Премиерот, Христијан Мицкоски, кој вчера организираше прием за кошаркарите, а веќе денеска информираше дека овој национален тим ќе биде награден со три милиони денари.
„На мој предлог денес Владата донесе одлука за награда во износ од 3 милиони денари на кошаркарите до 18 години кои освоија злато на Европското кошаркарско првенство. Оваа “златна” генерација донесе 8 победи за Македонија. Горди сме на нивниот успех, со срце и енергија за Македонија и нејзината спортска промоција“, вели Мицкоски.
На мој предлог денес Владата донесе одлука за награда во износ од 3 милиони денари на кошаркарите до 18 години кои освоија злато на Европското кошаркарско првенство.
Оваа “златна” генерација донесе 8 победи за Македонија. Горди сме на нивниот успех, со срце и енергија за… pic.twitter.com/Y21Il43dEK— Христијан Мицкоски (@MickoskiHM) August 6, 2024