Германците се во полуфинале, Антетокумпо и Грција испратени дома

261

Кошаркарите на Германија се првите полуфиналисти на ОИ во Париз по триумфот над Грција со резултат 76-63. Грците одлично отворија и до последната минута од првата четвртина изнесуваше +12 (21-9), а до крајот на првиот период Германците намалија на 21-11.

Во втората четвртина поинаква слика на паркетот. Германците погодуваа и добро се бранеа, а со тоа се вратија во мечот и на полувреме беше изедначено 36-36.
Во вториот дел Германците додадоа гас и имаа предност од 59-52, на четири и пол минути до крајот и рекордни +9 (65-56) па во финишот само ја потврдија победата.
Точка на победата со неверојатна тројка стави Денис Шредер на две минути до крајот.
Франц Вагнер беше најефикасен кај Германците со 18 поени, а Шредер постигна 13 поени. Кај Грција со 22 поени најефикасен беше Јанис Антетокумпо.

Германија во полуфиналето ќе игра со подобриот од Канада-Франција кој се игра од 18 часот.

ПретходноРакометарките на Данска се полуфиналистки на ОИ
СледноМартин Мирчевски пред трансфер во Железничар?!