Го рашири знамето да слави медал, а потоа следуваше разочарување

12282

Тежок ден за романската гимнастичарка Ана Барбоса која имаше одличен настап во финалето на партер на ОИ во Париз. Барбоса изведе одлична точка, доволно за бронзен медал со 13.700 поени, меѓутоа радоста кратко траеше.
Романката го зема знамето, го рашири да го прослави бронзениот медал, а потоа стигна разочарување.
Го погледна семафорот и виде дека завршила на четвртотоместо по реакција на судиите. Американскиот тим се жалеше на жирито поради оценките за Џордан Чилс, а судиите ја уважија жалбата и ги исправија оценките, па Чилс стигна до бронзата и со тоа ја потисна Барбоса на четвртото место.
Романката не можеше да поверува и почна да плаче, а тренерите пробуваа да ја смират.

ПретходноПрво ја дисквалификуваа, па и го вратија сребрениот медал
СледноБрера-Вардар во недела под рефлектори