Европската шампионка го освои златото на 800 метри

137

Британката Кели Хоџкинсон е новата олимписка шампионка на 800 метри. 22-годишната атлетичарка која оваа сезона стана Европска шампионка го подобри и пласманот од Олимпијадата во Токио кога заврши втора.
Во Париз таа ја заврши делницата со време 1:56.72 минути. Втора, со време 1:57.15 минути заврши овогодишната светска шампионка во сала во оваа дисциплина, Сиге Дугума од Етиопија.
Третото место е за светската шампионка на отворено во истата дисциплина, Мари Мора од Кенија со време 1:57.42 минути.

ПретходноРечиси 900.000 гледачи ги следеле во живо групите од кошаркарските натпревари на ОИ
СледноПрво ја дисквалификуваа, па и го вратија сребрениот медал