Секако дека ова е мајсторија. Ретко се случува голман да дегажира и притоа да постигне гол, но еве, вечерва тоа се случи. Голманот на Ноа, тимот кој што ја елиминира Шкендија во 1.квалификациско коло во ЛК, Огњен Чанчаревиќ успеа тоа да го стори и тоа во меч против АЕК во таа 67.минута, голманот на гостите Стракоша беше немоќен.
Навистина фантастичен гол на голманот, од гол на гол.
Ова беше натпревар од 3.квалификациско коло во ЛК кој заврши со победа на Ноа од 3:1.
⚽️ Goal: Ognjen Čančarević | FC Noah 2-1 AEK Athens
Noah goalkeeper Ognjen Čančarević took a shot from one goal to the other and it was a goal. Incrediblepic.twitter.com/10UJoc8EbS
— PushGoals (@PushGoals) August 6, 2024