Мице Шилегов е новото засилување на Тинекс Пролет откако десното крило го стави својот потпис на едногодишниот договор со овој клуб. Поранешниот младински репрезентативец на Македонија има богато искуство од настапи на домашната сцена, каде ги бранеше боите на Металург, Охрид и Голден Арт, од каде се приклучува на екипата на Тинекс Пролет.
Заедно со Шилегов од редовите на Голден Арт пристигнува и Андреј Глигоров, 20-годишен пивот кој важи и за специјалист во играта во одбрана.
Двајцата нови ракометари се појавија на стартот на подготовките за новата сезона и се очекува да имаат значајна улога во дресот на Тинекс Пролет во наредната сезона.