Иако Канада реално важеше за фаворит, сепак кошаркарите на селекцијата на Франција одиграа одличен четвртфинален меч и со 82:73 успеаја да слават. Со оваа победа домашната селекција се пласираше во полуфиналето каде ќе се сретне со светскиот првак, со селекцијата на Германија, додека во другото полуфинале на кошаркарскиот турнир на ЛОИ во Париз, се среќаваат САД и Србија.
Инаку во текот на целиот меч селекцијата на Франција беше подобра, подобро го отвори мечот, првата четвртина ја доби со 23:10. Нешто слично беше и во вториот период. Канаѓаните почнаа да се “будат“ во второто полувреме, сепак се беша бадијала за нив. Потпомогнати од домашната публика, Французите одиграа како што треба и на крајот славеа со 82:73.
Најефикасни кај победничкиот тим беа Јабуселе со 22 и Кординие со 20 поени.