Иранец го победи легендарниот Алексањан за златото во борење

205

Иранецот Мохамадхади Сарави ја освои својата прва златна олимписка титула во борење – класичен стил, откако го совлада легендарниот ерменски борач Артур Алексањан во финалето во категоријата до 97 кг.
Сарави, светски шампион од 202 година, му се реваншираше на Алексањан за поразот во полуфиналето во Токио каде што остана со бронзениот медал. Тој двобој заврши со 4-1 за Ерменецот, а сега Иранецот победи со ист резултат.
Алексањан е олимписки шампион од Рио и сребрен од ОИ во Токио, а има и четири светски титули и осум европски.
Бронзата му припадна на Габриел Росио од Куба.

ПретходноКвинси Хoл со неверојатен финиш го грабна златото на 400 метри
СледноСтона до златото во фрлање на диск со олимписки рекорд