Официјално: Пелистер го врати Лукас Кардозо! (ФОТО)

473

Бразилецот Лукас Кардозо повторно ќе го носи дресот на Пелистер. Ова попладнево и официјално го потврдија од таборот на битолскиот прволигаш.

Секако дека ова е големо засилување за повратникот во нашата елитна лига.

May be an image of 2 people, people playing soccer, people playing football and text

Со овие зборови ФК Пелистер го објави своето ново име:

ДОБРЕДОЈДЕ ЛУКАС

Со голема чест објавуваме дека Лукас Кардозо е нашето најново засилување.

Задоволство ни е да ја известиме фудбалската јавност дека Лукас Кардозо е старо-нов фудбалер на ФК Пелистер.Лукас игра на левата крилна позиција, но истовремено може да ги покрива и сите три позиции во нападот.

Кардозо предходно има играно и за ФК Партизани, ФК Дрита, КС Беса, ФК Кизиљар, ФК Балкани, Ал Нафт, ФК Персекат и Баталхао!

Среќно Лукас!

ПретходноПромоција: Дарко Чурлинов е нов член на Јагелонија! (ФОТО)
СледноНикола Карабатиќ: Иконата на ракометот ја заврши кариерата! (ФОТО)