Познат е терминот на новата пресметка меѓу Србија и САД

2198

Машката кошаркарска репрезентација на Србија вчера се пласираше во полуфиналето на Олимписките игри откако по голема драма ја совлада Австралија.

Избраниците на Светислав Пешиќ така влегоа во борба за еден од медалите, а првата пречка на тој пат веројатно ќе биде најтешката можна – Соединетите Американски Држави.

Доцна синоќа беа одредени временските табели за кошаркарските полуфиналиња, па познато е дека Србија во четврток од 21 часот ќе ги одмери силите со САД.

Истиот ден Франција ќе игра во полуфиналето против германската селекција, со тоа што натпреварот во салата Берси во Париз е закажан нешто порано, од 17:30 часот.

Финалето и натпреварот за третото место се играат во сабота на 10 август.

Финалето од 21:30 часот, додека мечот за бронза во 11:00 часот.

ПретходноЧелзи се откажа од Осимен
СледноОфицијално:Мартин Мирчевски во дресот на Железничар!