Македонскиот фудбалер, Кристијан Трапановски се најде во тимот на колото во Шкотска после само едно одиграно коло во тамошниот шампионат.
Данди Јунајтед одигра нерешено против Данди 2-2, а македонскиот фудбалер беше стрелец на еден од двата гола за неговиот нов тим. Тој во 12-та минута се запиша во листата на стрелци во официјалното деби.
Овој одличен настап на Трапановски не е изненадување, бидејќи тој за време на подготвителните настапи најави дека ќе биде добро засилување за Данди Јунајтед каде уште настапува и Давид Бабунски.
🌟 @CelticFC‘s Reo Hatate is the Star Man in the first @WilliamHill SPFL #TOTW of 2024/25!
Full team➡️ https://t.co/MvtTDLF7PT pic.twitter.com/huDdrCfTFV
— SPFL (@spfl) August 6, 2024