Алкалоид во „турбо“ ритам во Маврово!

115

РК Алкалоид е на подготовки во Маврово каде ќе работи на подигање на физичката форма и воигрување. Предводникот на освојувачот на Купот на Македонија, Кирил Лазаров и неговите избраници својот прв контролен натпревар ќе го игра на 17 август против екипата на Врање.

По ова Алкалоид од 20 до 24 август ќе учествува на турнир во Охрид каде што ќе одигра четири натпревари. Првиот на 20 август (16:30 часот) против екипата на Динамо Панчево. Вториот меч ќе го игра на 22 август (21:00 часот) со Олимпијакос Атина, третиот на 23 август (16:30 часот) со екипата на Ловќен од Црна Гора. Последниот ден на турнирот ќе се играат натпреварите за пласман. Не е исклучена можноста да биде договорена уште некоја контролна средба.

Во составот на Алкалоид се приклучија четири нови засилувања: Никола Костески, Марко Кизиќ, Михаил Ивановски и Франциско Оливеира да Силва.

„За мене Алкалоид е нов клуб и нов предизвик, во кој влегувам со големи амбиции. Поголем дел од играчите ги познавам уште од деца, заедно сме играле и сме се натпреварувале. Периодот за адаптација поради тоа ќе ми биде побрз. Стартувавме со подготовки, се надевам на квалитетна подготовка која ќе ни донесе резултати и на домашната сцена и во Европа. Ние сме екипа составена претежно од млади играчи, но дефинитивно имаме квалитетен тим да се носиме со секого.
Околу голманското трио, здравата конкуренција секогаш е добра. Јас ја гледам како позитивна работа, затоа што така може да се притискаме сите еден со друг да бидеме подобри од меч во меч и квалитетно да ја покриеме позицијата оваа сезона“, изјави Марко Кизиќ. 

ПретходноКадетите против Франција на стартот на ЕХФ ЕУРО (ЛИНК)
СледноТрапановски во тимот на колото во Шкотска