Аталанта има нов напаѓач – репрезентативецот Матео Ретеги

178

Освојувачот на Лига Европа, Аталанта најде замена за повредениот Џанлука Скамака кој нема да се врати пред идната година. Тимот од Бергамо се договори со Џенова за италијанскиот репрезентативец Матео Ретеги. Според различни информации, двата клубот се договориле а сума од 22 милиони евра плус 3 милиони во форма на бонуси.
Ретеги има аргентински корени, беше во составот на Италија на ЕП 2024. Во Серија А е од минатото лето. Тој во 31 меч за Џенова постигна 9 гола и запиша 3 асистенции. Претходно играше за Тигре, Талерес, Индепендиенте и Бока Јуниорс во Аргентина.

ПретходноСамо на Балканот: Имаше 30 победи во серија, по првиот пораз доби отказ!
СледноПолска по 48 години ќе игра одбојкарско финале на ОИ