Бугарите го повикаа Новак на гости, тој ја прифати понудата!

2827

Посебно по освојувањето на златниот медал на ЛОИ во Париз, најдобриот тенисер во историјата, сега е централна фигура во светот на спортот па и воопшто.

Секако дека на Балканот тој е најмногу славен и сакан. Сега сите го повикуваат да им дојде на гости, да игра на егзибициски турнири. А календарот му е преполн, но според медиумите во Бугарија тој на 17 септември ќе биде гостин во Софија. Бугарите го повикале тој ден да одигра егзибициски меч со неговиот добар пријател Григор Димитров и Србинот ја прифатил понудата. Организатор на настанот е “Фондацијата Димитров“.

Овој меч се игра во “Арена Софија“ со почеток од 19 часот е влезниците ќе чинат од 40 до 90 евра.

ПретходноАмериканците го декласираа Бразил и си закажаа нова пресметка со Јокиќ и компанија!
СледноМилан на пенали ја победи Барса, Реал сигурен против Челзи (ВИДЕО)