Уште еден одличен и драматичен меч на Олимписките игри во Париз. Данска ја совлада Шведска со 32-31 и се пласира во полуфиналето.
Швеѓаните нешто подобро го отворија мечот, имаа два гола предност, но Данците ги свртеа работите во своја корист па дури во еден момент имаа и +4 (10-6).
Швеѓаните не се предаваа и во финишот на првиот дел успеаја да ги вратат работие на почеток 16-16.
Во второто полувреме воглавно се играше гол за гол, а Данците во последните минути успеаа да отидат на +2 гола разлика. Хансен во последната минута промаши седмерец, а Швеѓаните добија напад за изедначување. Баргендал шутираше, но Нилсен го одбрани неговиот шут и ја донесе победата на Данска.
Питлик со девет голови беше најефикасен кај Данска, а кај Швеѓаните Клар постигна седум голови.
Данска во полуфиналето го чека подобриот од мечот Словенија-Норвешка.