За Шпанците нема невозможно, после продолженија заверија полуфинале на ЛОИ

140
Фото: International Handball Federation

Шпанија се пласираше во полуфиналето на ЛОИ, откако по продолженија славеше против Египет со 29-28. Регуларниот дел заврши со 25-25. За противник во битката за медал ќе го има подобриот од мечот меѓу Франција и Германија.

Гомез постигна десет гола кај победникот каде шест имаше Тарафета. И овој пат голема работа заврши Перез де Варгас, одбрани два удари во самиот финиш и спречи мечот да биде решен после изведување на седмерци. Кај Египет Елдера имаше осум гола.

Во првото полувреме видовме речиси изедначена битка во која Шпанија само еднаш водеше со 5-4, а додека на другата страна Египет со серија од 4-0 успеа на одморот да замине со плус четири (8-12).

Шпанија се мачеше и во второто полувреме, бркаше негатива од четири гола, според играта се чинеше дека ќе ја загуби битката. Но, предноста во искуството донесе драма во финишот. На две минути до крајот со голот на Гомез од седум метри, Шпанија израмни на 24-24 и имаш играч повеќе на теренот.

Eлдера реализираше од седум метри за 24-25 на минута до крајот, Тарафета израмни на 25-25. Египет не ги искористи последните десет секунди за победа, па мечот замина во продолжение.

„Фуријата“ го доби првото продолжение со 2-1 за 27-26. На стартот на второто продолжение, Шпанија не искористи да поведе со плус два, па противникот израмни на 27-27 за потврда дека ќе гледаме драма. На минута и 10 секунди остана со играч помалку. Гомез повторно беше сигурен од седум метри за 29-18, Перез де Варгас ги запиша двете најважни одбрани за голема радост во редовите на Шпанија.

ПретходноБолоња се откажа од Хумелс, сега во игра е Брајтон
СледноИбраими: Да, си заминав од Струга ТЛ! Кариерата ќе ја завршам во Шкендија!