ЛШ квалификации: Победи за Славија Прага, Слован и Бодо-Глимт

177
Слован Братислава

Три натпревари од квалификациите за ЛШ се одиграа вечерва. Во Прага, домашната Славија славеше победа над белгиски Ројал Унион Сен Жилоа со 3:1 и се најде на чекор до плеј-офот.

Домаќините водеа и со 3:0 , а гостите во 73 минута постигнаа гол за ублажување на поразот и со надеж дека на реваншот ќе можат да ја надополнат предноста на Чесите.
Словачкиот Слован Братислава, кој ја елиминира Струга на стартот, славеше победа со 2:0 над кипарски АПОЕЛ. Голот за водство всушност беше автогол на Петровиќ во 74 минута по шут на поранешниот вардарец Барсегјан. Во 90 минута Роберт Мак донесе добра предност за словачкиот шампион пред реваншот на Кипар.

А во Полска, новиот клуб на Чурлинов, Јагиелонија е поразена од норвешки Бодо со 0:1. И тука победничкиот гол беше автогол на Диегез во 58 минута. Победникот од овој двомеч ќе оди на мегдан со Црвена Звезда во плеј-офот.

ЛШ – КВАЛИФИКАЦИИ
СЛАВИЈА ПРАГА – РОЈАЛ УНИОН 3:1
СЛОВАН – АПОЕЛ 1:0
ЈАГИЕЛОНИЈА – БОДО ГЛИМТ 0:1

ЛИГА НА КОНФЕРЕНЦИИ
КОПЕНХАГЕН – КАРАБАХ 1:0
ХАКЕН – ПАИДЕ 6:1
ПАКС – МОРНАР 3:0
СТ.ГАЛЕН – СЛАСК 2:0

ПретходноМароканецот Ел Бакали го одбрани златото во стиплчез
СледноМаестрална Словенија ја „суреди“ Норвешка и првпат е во полуфинале на ОИ