Маестрална Словенија ја „суреди“ Норвешка и првпат е во полуфинале на ОИ

1727

Ракометната репрезентација на Словенија се пласира меѓу четирите најдобри на Олимпските игри во Париз. Избраниците на Урош Зорман ја совладаа Норвешка со 33-28 и на тој начин си закажаа полуфинална пресметка со Данска.

Словенечките ракометари демонстрираа врвна одбрана непробојна за Сагосен и другарите. По првото полувреме Словенија имаше 16-12, во вториот дел имаа мали проблеми по што Норвежаните се доближија до два разлика, но во клучните моменти Словенците повторно ја покажаа цврстата одбрана и со брзи контра напади ја вратија предноста од четири гола и потоа смирено и без брзање го приведоа мечот до крај.

Маестрална партија имаше Алекс Влах кој постигна 11 гола. Јанц даде девет. Кај Норвежаните Блонц реализираше седум гола, а Сагосен постигна само три гола.

 

ПретходноЛШ квалификации: Победи за Славија Прага, Слован и Бодо-Глимт
СледноОдбојкарите со пораз од Израел во пријателски натпревар