Никола Митревски: Секогаш е убаво кога се враќаш дома!

224

Никола Митревски, голманот и капитен на нашата ракометна селекција, по три сезони минати во Португалија, во тимот на Порто, одлучни да ја прифати понудата на РК Пелистер и во наредниот период да го брани голот на нашиот шампион.

Секако дека ова е едно од најголемите засилување во редовите на битолчани за новата сезона во која амбициите на РК Пелистер секако дека не се мали.

За официјалниот клупски сајт, миленикот на ракометните фанови во Македонија покрај другото истакна:

Без разлика дали кусо или долго, секогаш е убаво кога се враќаш дома. Оваа приказна со РК Пелистер трае и чест и задоволство ми е што пак имам шанса да бидам дел од екипата во која почнав да играм и тоа пред своите сограѓани и во својот град. Сметам дека во овој клуб се работи правилно, доказ за тоа е фактот дека се доби вајлд – карта за учество во Лигата на Шампионите. Ќе бидеме дел од европскиот ракометен крем, публиката ќе има можност да присуствува на ракометни спектакли, каде секок меч е посебно доживување. Тимот е спој на странски и домашни играчи, спој искусни и помлку искусни играчи. Очекувам да бидеме сплотени и секако да ги оствариме клупските цели кои се пред нас“ посочи Митревски.

ПретходноСкандалозно: Австралиски олимпиец уапсен додека купувал кокаин!
СледноСрбија со гол во последната секунда ја победи Грција и се пласира во полуфиналето!