Официјално:Мартин Мирчевски во дресот на Железничар!

268

И официјално, Мартин Мирчевски е новото име во редовите на Железничар, еден од најголемите клубови во БиХ и некогашен шампион на екс – Југославија.

Најавите од вчера се остварија. По заминувањето од ТСЦ Бачка Топола, македонскиот интернационалец се договори со клубот од Сараево и денеска беше промовиран како засилување. Ова значи дека во нападот Мирчевски ќе игра заедно со Матеј Цветаноски, кој исто така ова лето се пресели на “Грбавица“.

Како што велат од клуботм, договорот со Македонецот е на една година со можност истиот да се продолжи.

ПретходноПознат е терминот на новата пресметка меѓу Србија и САД
СледноКадетите поразени од Франција со примен гол во последните секунди!