Бразилецот Лукас Кардозо повторно ќе го носи дресот на Пелистер. Ова попладнево и официјално го потврдија од таборот на битолскиот прволигаш.
Секако дека ова е големо засилување за повратникот во нашата елитна лига.
Со овие зборови ФК Пелистер го објави своето ново име:
„ДОБРЕДОЈДЕ ЛУКАС
Со голема чест објавуваме дека Лукас Кардозо е нашето најново засилување.
Задоволство ни е да ја известиме фудбалската јавност дека Лукас Кардозо е старо-нов фудбалер на ФК Пелистер.Лукас игра на левата крилна позиција, но истовремено може да ги покрива и сите три позиции во нападот.
Кардозо предходно има играно и за ФК Партизани, ФК Дрита, КС Беса, ФК Кизиљар, ФК Балкани, Ал Нафт, ФК Персекат и Баталхао!
Среќно Лукас!