Одбојкарската репрезентација на Полска во исцрпувачки натпревар ги победија САД со 3-2 во сетови и вторпат во историјата се во финале на Олимписките игри. Полјаците го добија првиот сет со 25-23, но ги загубија другите два 25-27 и 14-25. Се вратија во третиот со 25-23 и во решавачкиот победија со 15-13.
Полјаците ги предводеше Вилфредо Леон со 26 поени. Противник на Полска во финалето ќе биде подобриот од дуелот меѓу Франција и Италија.