Откако и дефинитивно се знае дека Хулиан Алварез ќе го засили Атлетико Мадрид, откако и Манчестер Сити даде дозвола за 90 милиони евра да се реализира овој трансфер, Пеп Гвардиола тргнува по Родриго. Имено Бразилецот во нападот на Реал Мадрид е негова дамнешна желба, само прашање е како на тоа Родриго а посебно “кралевите“ ќе реагираат.
Факт е дека по доаѓањето на Мбапе и Ендрик, статусот на првотимец во Реал Мадрид на Родриго и тоа како е доведен под прашање. Ама од друга страна Флорентино Перез не е баш воодушевен од тоа да го пушти Родриго и тоа во Манчестер Сити.
Од друга страна јасно е дека на Пеп му е неопходен екстра квалитетен напаѓач и тој ќе стори се за да го доведе токму Родриго.