Скандалозно: Австралиски олимпиец уапсен додека купувал кокаин!

194

Нов скандал на ЛОИ во Париз и тоа по заслуга на Том Крег, членот на репрезентацијата на Австралија во хокеј на трева. Имено Крег синоќа бил уапсен во Париз откако купувал кокаин од улични дилери.

Оваа вест ја потврдија и од страна на властите во Париз, односно од полицијата во тој град.

Инаку Крег е вистинска спортска легенда во својата земја. Тој беше една од ѕвездите на репрезентацијата на Австралија која на минатите ОИ во Токио дојде до среброто.

ПретходноРакометно лудило: Германците ја расплакаа Франција и се пласираа во полуфиналето!
СледноНикола Митревски: Секогаш е убаво кога се враќаш дома!