Стона до златото во фрлање на диск со олимписки рекорд

137

Интересен натпревар во фрлање на диск на ОИ во Париз. Литванецот Миколас Алекна од Литванија беше блиску до златото затоа што фрли 69.97 метри со што го собори олимпискиот рекорд, но потоа Рохе Стона од Јамајка фрли 70 метри и го освои златниот медал.
Тој е првиот од Јамајка кој освоил медал во оваа дисциплина, а исто така и првиот надвор од Европа кој освои злато. Инаку тоа е првото злато за Јамајка на ОИ во Париз.

ПретходноИранец го победи легендарниот Алексањан за златото во борење
СледноПадна светскиот шампион, Франција ќе го брани олимпиското злато во одбојка