Трапановски во тимот на колото во Шкотска

110

Македонскиот фудбалер, Кристијан Трапановски се најде во тимот на колото во Шкотска после само едно одиграно коло во тамошниот шампионат.

Данди Јунајтед одигра нерешено против Данди 2-2, а македонскиот фудбалер беше стрелец на еден од двата гола за неговиот нов тим. Тој во 12-та минута се запиша во листата на стрелци во официјалното деби.

Овој одличен настап на Трапановски не е изненадување, бидејќи тој за време на подготвителните настапи најави дека ќе биде добро засилување за Данди Јунајтед каде уште настапува и Давид Бабунски.

ПретходноАлкалоид во „турбо“ ритам во Маврово!
СледноСРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: Л.Т. од Скопје го освои рекордниот СУПЕР МИЛИОНЕР во јули вреден 7.937.699 денари