Челзи се откажа од Осимен

162

Челзи е надвор од трката за напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, тврди италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио. Лондончани веќе потпишаа со Саму Омородион од Атлетико Мадрид и се откажаа од идејата да доведат уште еден напаѓач.

Веќе подолго време, Челзи и Наполи преговараат за договор во кој би бил вклучен и Ромелу Лукаку. Сепак, италијанскиот клуб никогаш не бил склон да го продаде Осимен за пониска сума од неговата ослободителна клаузула која е 130 милиони евра.

Според Ди Марцио, актуелни кандидати за Осимен се Пари Сен Жермен и клубови од Саудиска Арабија.

Во Неапол очигледно се убедени дека ќе има трансфер на Осимен, бидејќи Нигериецот не учествува во претсезонските натпревари.

ПретходноПо Бесарт, Шкендија го враќа и Валон Ахмеди! Се најавува уште една “бомба“!
СледноПознат е терминот на новата пресметка меѓу Србија и САД