Вардарци се подготвуваат за првиот меч од новата сезона против Брера во Струмица. Дефанзивецот Дејан Ѓуриќ, кој минатата полусезона со своите одлични настапи успеа да ги освои симпатиите на навивачите зборуваше за престојниот меч.
„Мислам дека сме спремни за првиот натпревар од новата сезона. Се надевам дека ќе донесеме три бода во Скопје“, изјави Ѓуриќ.
Се очекува голем број на навивачи и на двете екипи на стадионот Младост.
„Минатата сезона игравме меч за опстанок во Првата лига и навивачите ни беа 12-ти играч, како и на секој натпревар. Очекувам да дојдат во што поголем број и со нивна помош да победиме и да се радуваме“, додаде српскиот фудбалер.
Споредба за условите во Вардар минатата сезона и сега.
„Условите се многу подобри. Мислам дека овие услуви што ги нуди Вардар ги нема во ниту една екипа во македонскиот фудбал. Навистина европски услови, и база, и терен и опрема и се што нуди овој клуб е навистина на високо ниво.
За разлика од лани, условите се подобри. Се среди ситуацијата , но и минатата сезона беше добро, игравме се боревме за овој клуб, кога играш во овој клуб мораш да се бориш за овој грб и за овие бои“.
Како се вклопија новите играчи?
„Ќе ни помогнат во остварување на нашата целта. Има тука неколку играчи кои се навистина добри, Ќосиќ, Захариќ, Дианеси, Шарковски… сите тие играле сериозен фудбал и мислам дека многу ќе ни помогнат“.