Кадетите против Франција на стартот на ЕХФ ЕУРО (ЛИНК)

212

Македонската кадетска репрезентација денеска го започнува својот настап на Европското првенство М18 кое се одржува во Црна Гора. Прв противник на нашите ракометари е селекцијата на Франција, дуелот стартува во 12 часот.

Покрај „триколорите“, во групата Б заедно со Македонија се уште репрезентациите на Полска и Германија.

Според системот на натпреварување првите селекции од секоја група (вкупно шест групи) и двете најдобро второпласираните екипи од секоја група ќе се пласираат во Топ 8. Во битката за пласман од 9 – 16 место ќе се пласираат четирите послабо второпласирани од сите групи и четири подобро третопласирани репрезентации.

Додека останатите селекции ќе се борат за пласман од 17 до 24 место.

*Натпреварите на кадетската репрезентација можете да ги следите по истиот принцип на ЕХФТВ, доколку немате профил – чекорите се едноставни. ЛИНК. 

ПретходноСрбите збеснаа поради текстот: Ѓоковиќ не е „GOAT“ зошто го освои олимпиското злато
СледноАлкалоид во „турбо“ ритам во Маврово!