Посебно по освојувањето на златниот медал на ЛОИ во Париз, најдобриот тенисер во историјата, сега е централна фигура во светот на спортот па и воопшто.
Секако дека на Балканот тој е најмногу славен и сакан. Сега сите го повикуваат да им дојде на гости, да игра на егзибициски турнири. А календарот му е преполн, но според медиумите во Бугарија тој на 17 септември ќе биде гостин во Софија. Бугарите го повикале тој ден да одигра егзибициски меч со неговиот добар пријател Григор Димитров и Србинот ја прифатил понудата. Организатор на настанот е “Фондацијата Димитров“.
Овој меч се игра во “Арена Софија“ со почеток од 19 часот е влезниците ќе чинат од 40 до 90 евра.