Македонската таеквондистака Мила Рељиќ во утре во 12:40 часот ќе дебитира на Олмписките игри во Париз. Таа немаше среќа во ждрепката, во првото коло силите ќе ги одмери со Британката Џејд Џонс, олимписка шампионка.
Иако ќе има тешка задача, сепак Рељиќ не губи надеж.
„Британката Џеј Џојсон е олимписка шампионка, но тоа не ме обесхрабрува, ми дава уште поголем мотив да ја победам и дај боже да стигнеме до медал“, порача македонската олимпијка.
Александар Ефтимов порача дека формата е на Мила е во нагорна линија, па се очекува да биде на високо ниво против Џејд Џонс за кого ова е 4-та олимпијада, а веќе има 2 златни медали и неколку светски и европски одличја, како и 10 гранд при златни медали.