Иранецот Мохамадхади Сарави ја освои својата прва златна олимписка титула во борење – класичен стил, откако го совлада легендарниот ерменски борач Артур Алексањан во финалето во категоријата до 97 кг.
Сарави, светски шампион од 202 година, му се реваншираше на Алексањан за поразот во полуфиналето во Токио каде што остана со бронзениот медал. Тој двобој заврши со 4-1 за Ерменецот, а сега Иранецот победи со ист резултат.
Алексањан е олимписки шампион од Рио и сребрен од ОИ во Токио, а има и четири светски титули и осум европски.
Бронзата му припадна на Габриел Росио од Куба.