Американскиот атлетичар Квинси Хoл го освои златниот медал на трката на 400 метри победувајќи го во фото финиш Британецот Метју Хадсон-Смит. Хoл во финишот забрза и успеа да го претекне Британецот за победи со време 43.40 секунди инаку лично најдобро време, а Хадсон-Смит задоцни за четири стотинки (43.44 секунди).
Трет е Музала Самуконга од Замбија со време 43.74 секунди што претставува национален рекорд.
Quincy Hall comes back!!!! Another gold for 🇺🇸 thanks to the @COSAthletics alum!!! @ABC30 pic.twitter.com/BU4EkOARkZ
— Stephen Hicks (@StephenABC30) August 7, 2024