Марсеј потпиша со фудбалер на Интер

281

Аргентинскиот играч од средниот ред, Валентин Карбони е нов член на Олимпик од Марсеј, пренесе францускиот клуб. 19-годишниот фудбалер минатата сезона беше на позајмица во Монца за која одигра 32 натпревари (два гола и четири асистенции), но се врати во Интер. Сепак, за него нема место во првиот тим, па затоа е испратен на нова позајмица – сега во Олимпик Марсеј.
Французите ќе платат 1 милион евра за едногодишната позајмица, а имаат опција да го откупат играчот за 35 милиони евра плус бонуси.
Марсеј направи неколку интересни трансфери ова лето, дојдоа Мејсон Гринвуд, Исмаел Коне, Бамо Меите, Дерек Корнелиус, Пјер-Емил Хојберг и Лилиан Басие.

ПретходноЃуриќ: Вардар нуди европски услови, се засиливме со добри играчи и мислам дека ќе бидеме подобри
СледноДанска ја доби драмата со Шведска и се пласира во полуфиналето