Милан на пенали ја победи Барса, Реал сигурен против Челзи (ВИДЕО)

384
ФОТО: FC Milan/Twitter

Милан ја победи Барселона по изведување на пенали, откако дуелот во регуларниот дел заврши 2-2.

Натпреварот го отвори Јовиќ кој на асистенција на Пулишиќ, стрелаше во 10та минута за 1-0. Пет минути подоцна Пулишиќ зголеми на 2-0. Барселона преку Левандовски намали на 2-1 во 22-та минута, додека израмнувачкиот гол „падна“ во второто полувреме. Повторно, Левандовски ја затресе мрежата за 2-2.

Откако ниту еден од тимовите не успеа да постигне гол во продолженијата, следеше пенал серија во која каталонскиот тим промаши трипати од шест обиди, а Милан не беше прецизен двапати, што беше доволно за победа.

Во САД пријателски меч одиграа и Реал Мадрид и Челзи. „Кралскиот“ славеше со 2-1 со головите на Лукас и Диас во 19-тата и 27-мата минута, додека пак за англискиот тим стрелец беше Мадуеке во 39-тата минута.

ПретходноБугарите го повикаа Новак на гости, тој ја прифати понудата!
СледноСрбите збеснаа поради текстот: Ѓоковиќ не е „GOAT“ зошто го освои олимпиското злато