Само на Балканот: Имаше 30 победи во серија, по првиот пораз доби отказ!

4186

Ете и тоа го има само на Балканот, поточно само во Србија. Неверојатни нешта се случуваат во клубот Трајал, кој редовно доаѓа во Македонија на зимски и летни подготовки и кој сега е член на Втората лига во оваа земја.

Имено тренерот Ивица Момчиловиќ доби отказ. Ќе рече некој ништо чудно, тоа е фудбал. Но чудно е тоа што тој отказ го добил по првиот пораз откако претходно имаше 30 победи во серија. Сите мечеви неговиот тим во трета лига минатата сезони ги има добиено, но откако бил поразен на првиот во Втората лига добил експресен отказ.
Зарем е можно ќе се запрашаат фудбалските фанови.

ПретходноДанска ја доби драмата со Шведска и се пласира во полуфиналето
СледноАталанта има нов напаѓач – репрезентативецот Матео Ретеги