Французинките им одржаа лекција на Германките и закажаа полуфинале со Белгија

28
FOTO> FIBA

Женската кошаркарска репрезентација на Франција се пласира во полуфиналето на Олимписките игри откако ја победија Германија со 84-71. Французинките имаа предност речиси целиот меч и на крајот заслужено го добија дуелот, а во полуфиналето ќе играат против Белгија која денеска ја победи Шпанија со 79-66.
Најефикасна кај Франција беше Марине Јоханес со 24 поени, а кај Германките Сабали постигна 20.
Австралија ја победи Србија со 85-67 и во полуфиналето ќе го чека подобриот од Нигерија-САД.

ПретходноПолска по 48 години ќе игра одбојкарско финале на ОИ
СледноКвинси Хoл со неверојатен финиш го грабна златото на 400 метри