Гундоган пристигна во Истанбул, а потоа ги „олади“ новинарите

560

Турскиот репрезентативец Илкај Гундоган пристигна на аеродромот во Истанбул. Многу новинари беа околу него обидувајќи се да дознаат дали тој ќе заигра во турската Суперлига и за кој клуб. Се споменуваа Фенербахче и Галатасарај, а фудбалерот на Барселона ги олади новинарите.
Можеби еден ден ќе заиграм во турската Супер лига, но не ова лето“, изјави Гундоган.
Со тоа порача дека не е во Истанбул за да преговара со клубови туку да ги искористи слободните денови што му ги дал Ханси Флик да се прошета во Истанбул, се зборува и да сними музички спот за време на престојот.

ПретходноТолку беше: Славниот Пепе означи крај на кариерата!
СледноАмериканките по голема борба во пет сета го победија Бразил и се пласираа во финалето!