Франција ја доби драмата со Шведска за пласман во големото финале!

73

За разлика од мажите вчера, женската ракометна селекција на Франција победи во драматичен меч и тоа против Шведска и успеа да се пласира во големото финале на задоволство на ракометните фанови во земјата организатор на овие ЛОИ.

Швеѓанките беа подобри во првиот период кој го добија со 12:10. Во продолжението се водеше голема борба, а во последната минута Шведска влезе со предност од 25:24, но сепак Французинките успеаја да израмнат и со тоа ова полуфинале влезе во продолженијата.

Таму Франција беше подобра, знаеше како треба да одигра за победа и до нејзе дојде со конечен резултат од 31:28. По ова еуфорија кај домашните ракометарки а голема тага кај Швеѓанките.

Противник во финалето на Франција ќе биде подобриот од второто полуфинале во кое се среќаваат Данска и Норвешка кои играат вечерва од 21:30 часот.

ПретходноАмериканките по голема борба во пет сета го победија Бразил и се пласираа во финалето!
СледноШкупи ќе ја пречека Воска на Маџари!