ШТЕТА: Рељиќ за малку не успеа да обезбеди полуфинале на ОИ

487

Македонката Милјана Рељиќ не успеа да ја мине четвртфиналната препрека – Летиција Ајун од Либан. Нијанси го решија победникот.
На стартот Рељиќ имаше негатива од 2-0, но успеа да направи маестрален потег со ногата направи пресврт за 2-3. Но Либанката повторно се врати и отиде на 7-5, потоа и на 9-5. На крајот на првата рунда 9-8 во поени за Ајун и предност од 1-0.

Во втората рунда Рељиќ тргна нешто поактивно, беше тесна борба на стартот, за потоа Ајун да отиде на предност од 6-3, а потоа Рељиќ изедначи 6-6 и и требаше барем уште еден поен за да изедначи, но немаше време. Поради тоа што Либанката имала удар во главата ја доби и втората рунда и конечен резултат 2-0.

Сега Рељиќ се надева на репасаж и битка за бронза доколку Ајун се пласира во финалето. Ајун во полуфиналето ќе се бори со Нахид Кијаничендех, актуелната светска шампионка.

ПретходноЛазаров: Поставивме систем кој го надоградуваме и позитивно гледам на она што не очекува
СледноШкендија го потврди Ибраими: Добредојде назад!