Рељиќ остана без репасаж и без шанса за медал

668

Летиција Ајун од Либан е поразена од актуелната светска првенка, Иранката Нахид Кијаничандех со 0-2, а тоа значи дека македонската преставничка на ОИ во Париз, Милјана Рељиќ остана без репасаж и шанса да се бори за бронзениот медал.

Рељиќ во првото коло направи сензација со тоа што ја елиминира двојната олимписка шампионка Џонс од Британија со 2-1, а потоа во тесна борба загуби од Ајун. Шансите за репасаж и борба за бронзениот медал се распрснаа по поразот на Ајун во полуфиналето. Инаку, требаше Либанката да се пласира во финалето за Рељиќ да добие можност преку репасажот да стигне до бронзениот медал.

Утеха за младата таеквондистка е што на дебито на ЛОИ е меѓу осумте најдобри на светот.

ПретходноЛиста на најпрофитабилни клубови во изминатите 10 години
СледноНајјакиот потег во тенисот (Видео)