Јованчев: Првата цел е да се помине групната фаза

172

Македонската кошаркарска федерација од денеска до 17. август е домаќин на нов шампионат, овој пат ЕП „Б“ Дивизија до 16 години. Нашите кошаркари се во групата Д заедно со Естонија, Украина, Шведска и Австрија. Првиот меч го играат денеска (18:30 часот) во СЦ „Кале“.

Селекторот на кадетската  репрезентација на Македонија, Александар Јованчев со кратка анализа на сработеното во изминатиот месец од подготовките за настап на ЕП.

„Веќе одамна сме влезени во последната фаза од подготовките за претстојното  кадетско Европско првенство. Поминавме одличен период на подготовки. Особено тоа се однесува на последните десет дена во кои бевме изолирани во комплексот Негорци. Тоа е период во кој одигравме четири натпревари на кои остваривме три победи и еден пораз. Сметам дека екипата покрај тактичкиот напредок во овој период изгради и тимски дух, како и позитивна енергија, што на вакви кратки турнири може да биде од големо значење“.

Првата и основна цел на шампионатот, како што вели Јованчев, е да се биде меѓу првите две репрезентации кои се дел од групата „Д.

„Првата цел е да се помине групната фаза, но ќе одиме чекор по чекор. Сметам  дека групата е доста квалитетна. Се работи за репрезентации кои се во самиот врв на Европските првенства од ‘Б’ Дивизија “.

Нема да биде нималку лесно, ако се земе в предвид дека со оглед на оние играчки карактеристики на 12 кошаркарки кои ги одбра селекторот, евидентно, ќе имаме „недостиг на сантиметри“.

Имаме проблем со висината, практично и немаме играч на високите позиции. Ние тоа добро го знаеме од почетокот, и работевме на тоа како да ја контролираме скок-играта. Имаме недостатоци, но истите може да ги надополниме само доколку имаме вистинска желба за победа“- смета селекторот пред почетокот на шампионатот во Скопје, закажан за утре вечер, кога од 18.30.часот Македонија ќе игра против Украина.

МАКЕДОНИЈА НА ЕВРОБАСКЕТОТ ВО СКОПЈЕ

Ѓорѓи Цветковски бек 186см.

Павел Ѓиновски            бек-шутер    186см.

Дамјан Данев    крило 202см.

Дино Беговски  крило/центар         199см.

Алмир Ештрефи            бек-шутер    187см.

Григориј Ѓорѓевиќ        бек-шутер    190см.

Кирил Петковски          бек     179 см.

Филип Сребров бек-шутер    188см.

Љубен Ефтимовски     бек     187см.

Жарко Терзиевски     бек-шутер    189см.

Дамјан Стојановски  крило 192см.

Алексеј Нешовиќ       силно крило           203см.

СЕЛЕКТОР: Александар Јованчев

АСИСТЕНТ-ТРЕНЕР: Дејан Србиновски

КОНДИЦИСКИ ТРЕНЕР: Филип Босилков

ФИЗИОТЕРАПЕВТ: Розета Ристоска

ДОКТОР: Марија Божиноска

 

НАТПРЕВАРУВАЧКИ ГРУПИ

ГРУПА А: БиХ, Португалија, Унгарија, Швајцарија, Белгија

ГРУПА Б: Холандија, Исланд, Чешка, Луксембург, Црна Гора, Кипар

ГРУПА Ц: Романија, Словачка, Велика Британија, Ирска, Данска, Норвешка

ГРУПА Д: Естонија, Украина, Шведска, Австрија, МАКЕДОНИЈА

ПретходноШкендија не запира: Под Шара доаѓа и Фреди Алварез?!
СледноЛазаров: Поставивме систем кој го надоградуваме и позитивно гледам на она што не очекува