Одбојкарите на САД ја освоија бронзата!

85

Во битката за третото место одбојкарите на САД со 3:0 (25:23, 30:28 и 26:24) во сетови ја победија Италија и го освоија бронзениот медал на ЛОИ во Париз.

Италијанците колку и да се трудеа, речиси го дадоа својот максимум, но на крајот мораа да му честитаат на подобриот од себе.

Расел со 15 поени и Дифалко со 12 беа предводници во победата на Американците.

Да потсетиме дека големото финале се игра утре од 13 часот а во него се среќаваат Франција и Полска.

ПретходноМитев: Со новите засилувања очекувам да го повториме и надградиме успехот од лани!
СледноАмериканките ја “средија“ Австралија и се пласираа во финалето!