Романо откри детали за полноќната драма во која Јуве остана без засилување

423

Жан Клер-Тодибо по неколкумесечни преговори договорил се со Јувентус. Наводно, се договориле и клубовите, а се очекувало Тодибо утринава да одлета за Торино на лекарски преглед. Но, синоќа околу полноќ имало голем пресврт.

Јувентус преговара со месеци. Директорот на Вест Хем само влета и го зеде Тодибо
и го шокираше Јувентус. Тој на Ница и понудил позајмица со обврска да го купи, за 40 милиони евра, која била прифатена, а Тодибо наместо во Торино заминал на лекарски прегледи во Лондон.

„Газета дело Спорт“ открива зошто: „Договорот со Ница за евентуалното откупување на Тодибо се базираше на бројот на настапи на нивниот играч за време на неговата позајмица во Јувентус, додека Вест Хем беше многу поконкретен“.

Фабрицио Романо ги открива деталите како дошол да ја напише својата фамозна „Одиме“, но не за Јувентус, туку за Вест Хем:

„Тим Стејтен, директорот на Вест Хем доцна синоќа долета за Ница, така што на Јувентус му го грабна бидејќи понуди многу полесни услови за активирање на обврската за купување на играчот за време на позајмицата“.

Тодибо дојде во Ница пред три години од Барселона со отштета од 8,5 милиони евра. Непознат процент од неговата продажба во трет клуб и припаѓа на Барса.

ПретходноБрера ја одреди цената и местото на продажба на билетите за пресметката со Вардар
СледноЈованчев: Ова е само почеток, мора да останеме фокусирани – не чека тежок противник