Унгарецот Рашовски до златото во маратонско пливање

148

Унгарскиот пливач Кристоф Рашовски е освојувач на златниот медал во маратонско пливање на 10 километри што се одржа утринава во реката Сена во Париз во рамките на Олимписките игри. Рашовски на ЛОИ во Токио го освои сребрениот медал, а сега успеа да го подобри својот резултат и да донесе злато за својата земја.

Унгарецот водешд од самиот старт и го крајот го сочува водството и ја преплива делницата со време 1:50:52 часа. Сребрениот медал му припадна на Оливер Клемет од Германија кој заостануваше две секунди, а бронзениот за уште еден унгарски пливач – Давид Бетлем со 16 секунди задоцнување во однос на победникот.

ПретходноТебого: „Не можам да бидам заштитно лице на атлетиката, затоа што не сум арогантен како Лајлс“
СледноРељиќ: Задоволна сум од својот настап на ЛОИ, верувам во поголеми успеси