Бенџамин го победи Вархолм во битката за златото на 400 метри!

58

Американецот Раи Бенџамин е олимписки шампион на 400 метри. Во супер интересна трка Бенџамин едноставно беше подобар од Норвежанецот Карстен Вархолм и со време 46,46 секунди го освои златниот медал. Вархолм пак делницата ја истрча со време 47,06 секунди.

Интересно е тоа што и двајцата си ги разменија местата од ОИ во Токио, каде Вархолм беше прв а Бенџамин втор.

Бронзата вечерва ја освои Алисон дос Сантос од Бразил со време 47,26 секунди.

ПретходноИнтересно: Тројца Кубанци им донесоа медали на три европски земји во трискок, златото за Шпанија!
СледноНа крајот драма, Данска со триумф над Словенија за пласман во финалето!