Милан е многу блиску до реализирање на трансферот на Емерсон Ројал од Тотенхем. Се работи за бразилски бек кој за Тотенхем игра од 2021 година и за бразилскиот национален тим има 10 настапи. Целата зделка ќе изнесува околу 15 милиони евра.
Така Емерсон во наредните денови официјално ќе го облече дресот на „росонерите“.
Инаку тој кариерата ја почнал во бразилски Понте Прета, потоа една сезона играл за Атлетико Минеиро, пред да премине во Европа, прво во Бетис, а потоа и во Барселона, потоа повторно во Бетис како позајмен, а во 2021 година во Тотенхем.
За Тотенхем имаа 101 настап во сите натпреварувања.
Кога сме кај Тотенхем, англиските медиуми пишуваат дека овој клуб ќе го ангажира напаѓачот Доминик Соланке кој настапува во Борнмут. „Атлетик“ пишува дека Тотенхем за него ќе плати неверојатни 60 милиони фунти.